Храна која го чисти никотинот од вашето тело

01-Smoker-640x360

Никотинот е една од најпознатите хемикалии кои предизвикуваат зависност, а луѓето со векови ја внесуваат во своето тело преку цигарите кои и покрај сите забрани за пушење, предупредувања за здравјето и научни докази за нивното штетно влијание, луѓето сеуште ги пушат.

Никотинот е стимулант кој може да го блокира правилното функционирање на нервните и мускулните клетки. Но, со конзумирање на одредена храна, може да го исфрлите од организмот.

1. Брокула

14

Брокулата содржи високо ниво на витамин Ц и Б5, а Ц и Б витамините се одговорни за регулирање на многу важни процеси во телото. Конзумирањето на брокула го одржува метаболизамот и ги заштитува белите дробови од токсини.

2. Портокал

798orange

Никотинот предизвикува стрес на телото и го осиромашува нивото на витамин Ц, па со конзумирањето на портокали тоа се надополнува, а исто така и се намалува стресот и анксиозноста предизвикани од желбата за никотин.

3. Спанаќ

32

Спанаќот содржи фолна киселина или витамин Б9, за кој е познато дека го отстранува никотинот од телото. Фолната киселина е исто така од суштинско значење во борбата со симптомите од повлекувањето на никотинот, со оглед на тоа што има витална улога во менталната и емоционалната добросостојба.

4. Ѓумбир

42

Ѓумбирот може да помогне во ослободувањето на многу несакани симптоми предизвикани од пушењето и никотинот, меѓу кои ублажување на желбата за никотин, одржување на тежината и намалување на токсините во крвта. За целосен ефект, треба да се конзумира свеж. Најдобриот начин за да се ослободите од никотинот во вашето тело е да се откажете од цигарите, а ѓумбирот може да ви помогне во тоа.

5. Брусница

52

Киселината во брусницата помага да се исфрли никотинот од телото побрзо од нормалното. Никотинот го зголемува нивото на шеќер во крвта, исто како и брусницата, па замената на цигарите со брусницата може да ја запре желбата за никотин ако се обидувате да се откажете.

6. Лимон

Lemon slices background

Лимоните се уште едно моќно оружје против никотинот. Ако пушите цигари, никотинот останува во вашето тело до 3 дена. Лимонот го зајакнува имунитетот и здравјето на кожата, а киселината и витамин Ц кои ги содржи помагаат со несаканите симптоми предизвикани од никотинот и пушењето.

7. Морков

72

Редовните пушачи постојано го намалуваат нивото на витамин А и Ц, што доведува до оштетување на нервните клетки, циркулацијата и функционирањето на мозокот. Редовното конзумирање на моркови ќе го надополни нивото на витамини А, Ц и К при што ќе се зајакне природната одбрана на телото.

8. Калинка

82

Пушењето го зголемува срцевиот ритам и крвниот притисок, а го намалува нивото на кислород во крвта. Во борбата со овие симптоми помага калинката која ја подобрува циркулацијата и му помага на телото да произведува повеќе црвени крвни зрнца.

9. Пченични никулци

91

Пушењето цигари може да ги стесни крвните садови, па затоа треба да се конзумираат пченични никулци за да се добие доволно витамин Е и да се подобри еластичноста на циркулаторниот систем. Пченичните никулци исто така го намалуваат и ризикот од срцеви заболувања.

10. Кељ

101

Кељот е природен извор на исотиоцијанати и други антиоксиданси кои помагаат во ослободувањето на наталожениот никотин, како и во борбата против ракот.

Коментари

Популарно