Србите не можат да се помират со победата на Даниел: На Кајмакоски му е судено да победува, но не и да стане славен!

Според српски "Курир" во последните неколку години во реалните и музичките шоуа, кои се организираат во Белград, домашните (нивните) кандидати речиси и да немаат шанси за победа од колегите од регионот.

kajmakoski-tina-tarner-640x747

Последниот триумф на Кајмакоски во "Твоето лице звучи познато" ги потсетило дека одамна ниеден "нивни" не победил во некое од регионалните реални шоуа или музички музички натпреварувања, па распалиле по победниците.

- Речиси две години по победата во "Икс фактор" никој и да не слушна за него, додека не се појави во ТЛЗП, каде минатата недела, исто така, триумфираше. Очигледно на Кајмакоски му е судено да ппбедува во натпреварувањата, но и да стане славен, пишува "Курир".

Бил славен или не, Кајмакоски по втор пат триумфираше во некое натпреварување во соседството - првиот пат во "Икс фактор" и сега во ТЛЗП. И тој не е единствениот наш претставник кој ги покорил - минатата година Дарко Петковски - Спејко победи во "Големиот брат" и ја освои наградата од 100.000 евра.

Извинете!

Коментари

Популарно