ДРАГАН: Ја убив ќера ми и и ја исполнив желбата!

Драган (64) и Ана Пижурица (30) вчера беа погребани на гробиштата во Колашин. Детективите кои работат на случајот сеуште не знаат што точно се случило во нивната викендица, каде беа пронајдени нивните тела.

covek-tuzan

Во куќата било пронајдено писмо, за кое се верува дека ќе го расфетли случајот. Од писмото може да се заклучи дека таткото и ќерката се договориле да се убијат и дека имале многу убав однос.

Пред неколку месеци Ана веќе напишала проштално писмо, но таткото успеал да ја разубеди да не се самоубие, барем на неколку месеци.

- Сите кои добро ме познаваат знаат дека морав да ја исполнам желбата на Ана, е една од речениците во писмото по која се сфаќа дека таткото прифатил да ја убие ќерката.

- Знаеме дека ова е кукавички чин, но поразени сме и не гледаме друг излез, пишува про крајот на писмото.

Драган и Ана се пронајдени во викендицата во Колашин, во локва крв, но полицијата сеуште не може да утврди дали тие се убиле меѓусебно или имало и трето лице.

Коментари

Популарно