Филмска пресвртница- Пронајдено безживотното тело на киднапираниот Стефан

Стефан Илиќ е името кое го обои целиот регион во црно. 12-годишното момче минатата година беше киднапирано додека пасеше овци, а потоа беше пронајдено мртво. Еве што навистина се случило со несреќното дете.

стефан илиќ

Полицијата беше на нозе по веста за грабнувањето на малиот Стефан. Неговиот помлад брат кој во моментот на грабнувањето бил со него, велеше дека додека паселе овци дошол црн автомобил од кој излегле тројца насилници. Децата почнале да бегаат, но за жал насилниците го стигнале несреќниот Стефан. Иако во ова се веруваше долго време, полицијата откри дека вистината е поинаква.

Обдукцијата покажа дека детето се удавило и дека неговото братче ја измислило приказната за киднапирањето. Се докажа и дека момчето што ја смисли приказната има поголем коефициент на интелегенција од вообичаеното.

Телото на детето беше пронајдено од страна на овчар. Тој влегол во водата да се освежи, а тогаш видел труп до себе.

Со оглед на тоа дека помладиот брат на Стефан се исплашил од реакцијата на родителите и од тоа што ќе му се случи, тој ја измислил приказната. Вистината е дека водата го однела 12-годишното момче, а братчето не успеало да го спаси.

Инаку, децата живееле скромно и биле малтретирани.

Коментари

Популарно