Трагичен крај на сцена, почина ѕвездата од спрската серија „Село гори, а баба се чешла“

milorad-mandic-manda-foto-zorana-jevtic-1466010449-929607

Славиниот српски глумец Милорад Мандиќ Манда изненадно почина денес на 55 годишна возраст, откако му се слошило на сцената за време на изведувањето на една претстава. Нешто повеќе од еден час бил реанимиран од страна на итната помош, но за жал неговиот организам не успеал да се избори. Милорад Манда Мандиќ е роден во Белград на 3 мај, 1961 година.

На 21 година како тинејџер станал член на белградското експериментално аматерско драмско студио. Шест години подоцна дипломирал глума на факултетот за драмски уметности во класата на професорот Владимир Јоветиќ. Набргу после дипломирањето станал член на детскиот театар „Бошко Буха“.

Во 1989 година снимил повеќе од 270 епизоди за емисијата „Приказни за добра ноќ“, кои се емитувале на националната телевизија. Во периодот од 1989 до 1995 година водел друга детска емисија, со која станал еден од најпопуларните детски актери и забавувачи.

Милорад Мандиќ глумеше во многу српски филмови. Најзапазена улога имаше во филмот на Срѓан Драгојевиќ „Lepa sela lepo gore“. Беше водител на квизот „Земи или остави“, а го водеше и квизот „Ја сакам Србија“. Посебно се прослави и во славната српска серија „Село гори, а баба се чешла“, која забележа доста голема популарност.

Коментари

Популарно