Семејството Маријановиќ во полиција по итна постапка - еве зошто

fqtfw0iugjerhr

Владимир Маријанович, свекорот на убиената пејачка Јелена Марјановиќ Крсмановиќ доби позив од полицијата. Како што дознава српски Курир, тој моментално се наоѓа во полициската станица. Според неофицијалните информации, тие добиле покана за да ги соберат своите работи кои им биле запленети за време на истрагата. Меѓу работите се наоѓа и лаптопот на Зоран Маријановиќ. Иако Владимир им кажа на новинарите дека дошол да си ги земе работите, тој ја донел сопругата Зорица за да даде изјава во полициската станица.

Српските новинари се обидувале да стапат во контакт со Зоран Марјановиќ но тој не се јавувал на телефонот.

За потсетување, ни по 81. ден после бруталното убиство на пејачката, не е откриено кој е убиецот. Јелена исчезна на 2. април додека трчала со сопругот и ќерката Јана.

Коментари

Популарно