Koнечно разладување - невреме во Македонија попладне

Денеска е недела, 26 јуни 2016 година, 178-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 188 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 4 часот и 59 минути, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 14 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, нема да изгрее ова деноноќие, а ќе зајде во 11 часот и 8 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Температурата ќе се движи од 28 до 36 степени, а УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје слично време и температура до 34 степени.

Во првите два дена од наредната недела претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален пороен дожд со грмежи. Ќе дува умерен северен ветер. Дневната температура до среда ќе биде во опаѓање.

Коментари

Популарно