Какво време не очекува денеска?

maxresdefault

Денеска е среда, 29 јуни 2016 година, 181-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 185 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот, а ќе зајде во 20 часот и 13 минути.

Денов трае 15 часа и 13 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 1 часот и 14 минути, а ќе зајде во 14 часот и 34 минути.

Временска прогноза

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, а вдолж Повардарието и во Пелагонија повремено засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен северен ветер.

Темпертурата во интервал од 17 до 30 степени.

Од петок во попладневните часови ќе има појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи, а услови за нестабилност ќе има и во попладневните ќасови на деновите од викендот, но и понатаму ќе биде доста топло. Услови за попладневна нестабилност ќе има и во деновите на викендот.

Коментари

Популарно