Меден месец во крв страв и пискотници-Потресно сведоштво на брачен пар на аеродормот во Турција

Новинарот и активист, Стивен Набил, објави на Твитер дека тој и неговата сопруга, на враќање од меден месец, биле сведоци на нападот кој ноќеска се случил на аеродромот во Истанбул, во кој загинаа најмалку 36 лица.

турција

- Се враќавме од меден месец од Истанбул во Њујорк, мојата сопруга седеше во кафуле, а јас отидов по храна кога слушнав пукање. Брзо дојдов до неа и за време на нападот се криевме во ормарот во еден фризерски салон. Се обидував да ја смирам својата жена, иако и самиот бев преплашен. Бев подготвен да ја бранам во случај напаѓачите да отворат оган на нашето „засолниште“. Слушнавме вресоци, видовме крв насекаде, пишува тој.

Набил вели дека двајцата биле преплашени и дека во паника очекувале напаѓачите да ги пронајдат.

- Беа тоа најдолгите 45 минути во мојот живот, рекол Набил.

Коментари

Популарно