ФОТО: Први фотографии од местото на синоќешниот масакр

масакр2-520x351

али билансот на мртви од синоќешниот масакр кај Зрењанин ќе порасне? На ова упатува информацијата дека четворица од повредените се во тешка состојба и лекарите се борат за нивниот живот. Од примените повредени во болницата, главно сите се млади од 1994  и 1998 годиште.

На лице место починала Дијана Златиќ (30), а на пат за болница и нејзината другарка Јована Поповиќ (20), додека во болница починале Стева Јојиќ (40), Владимир Косовиќ (34) и Владимир Мијатовиќ(40).

масакр3-520x351

Според првите информации, Синиша Златиќ ја видел поранешната сопруга со која не живее веќе 9 месеци, како седи со друштво во кафулето.

Тој отишол дома, донел калашњиков, и почнал да пука по луѓето. Како што откриваат очевидците, Синиша бил многу прецизен кога пукал, па со секој куршум погодил некого, а не инвентарот во објектот.

масакр-520x351

Осомниченот сменил два шаржера, односно испукал повеќе од 50 куршума во госите.

Коментари

Популарно