Какво време не очекува викендов?

Охрид-1

Денеска е сабота, 23 јули 2016 година, 205-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 161 ден.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 18 минути, а ќе зајде во 20 часот и 2 минути.

Денов трае 14 часа и 44 минути.

Месечината, која е во фаза на полна Месечина, ќе изгрее во 22 часот и 8 минути, а ќе зајде во 8 часот и 59 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и многу топло со слаб претежно северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 19, а дневната од 31 до 38 степени.

Во Скопје сончево и топло со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 36 степени.

За време на викендот ќе се задржи претежно сончево и топло време, само во недела кон крајот на денот ќе се зголеми облачноста и претежно во северозападните делови ќе има услови за краткотраен дожд.

Во понеделник и вторник ќе преовладува променливо облачно време, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, а дневната температура ќе биде во опаѓање.

Од среда условите за попладневна нестабилност ќе се намалат.

Коментари

Популарно