Некогашната ѕвезда на Југословенскиот тенис, Боба Живојиновиќ денес го прослави 53-от роденден во кругот на семејството, а неговата сопруга Лепа Брена му приреди пријатно изненадување. Имено, популарната пејачка на својот сакан му подари торта и му го честита роденденот со романтична порака:
„Љубов, среќен роденден.“ Фотографијата ја објави на Инстаграм и доби комплименти од своите следбеници.