Услови за дожд до понеделник, но за викендот...

ohrid-macedonia-boat(1)

Денеска е среда, 27 јули 2016 година, 209-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 157 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 21 минута, а ќе зајде во 19 часот и 58 минути.

Денов трае 14 часа и 37 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, нема да изгрее, а ќе зајде во 13 часот и 33 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне во западните и југозападните подрачја не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 22 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец.

Температурата ќе достигне до 31 степен.

Во наредните денови ќе биде претежно стабилно со пораст на температурата, но до петок во попладневните часови не е исклучена ретка појава на краткотраен дожд со грмежи, претежно во западните делови.Особено топло ќе биде за време на викендот и во понеделник.

Коментари

Популарно