ОФИЦИЈАЛНО: Чупиќ нов ракометар на Вардар!

Ракометниот шампион на Македонија денес го потврди и официјално четвртото засилување за новата сезона во името на хрватскиот репрезентативец Иван Чупиќ, кој доаѓа од актуелниот европски првак, Киелце.

Чупиќ

„Задоволни сме што во нашите редови во иднина ќе имаме играч кој бил европски првак и го знае тоа чувство. Вардар има амбиции да се искачи што е можно погоре на ракометниот европски врв и секогаш сака да ги има во своите редови оние што можат да му помогнат во остварување на таа цел. Веруваме дека Иван брзо ќе се вклопи во нашиот тим и заедно со Даниил Шишкарев ќе бидат одличен тандем на позицијата десно крило", изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

Чупиќ ќе и се приклучи на екипата по завршувањето на ЛОИ во Рио каде настапува за репрезентацијата на Хрватска, заедно со Игор Карачиќ и Лука Циндриќ. Левото крило кое во „црвено-црниот“ табор пристигнува како замена на Матијаж Брумен во својата кариера покрај за Киелце има настапувано и за хрватските Метковиќ и Медвешчак, како и Виго (Шпанија), Горење (Словенија) и Рајн Некар Ловен (Германија).

Коментари

Популарно