(ФОТО/ВИДЕО) СУРОВО НЕВРЕМЕ ВО ХРВАТСКА: Силниот ветер и страшната поплава носеше дрвја и уништи домови

Во Шибеник температурата утрово падна до 20 Целзиусови степени.

14117836_10154223274521072_163879040356342820_n

Бурата, која во текот на ноќта го погоди хрватското јадранското крајбрежје, предизвика голема материјална штета, дрвја и гранки носени од ветрот го оневозможија сообраќајот во делови на Сплит и уништија неколку возила, соопштува „Јутарњи лист“.

Во Задар улици се поплавени, а поради силниот ветер, спасувачките служби добиле неколку сигнали за помош од чамци кои останале во морето. Наместа во текот на ноќта врнежите достигнаа 90 литри на квадратен метар, а во близина на Лошињ паднал град со големина на орев.

CqalEkAXYAElbql

Во Шибеник температурата утрово падна до 20 степени, во Задар и Сплит 21 степен, а во Дубровник 25 степени.

Коментари

Популарно