Хорор во Охрид: Позната српска креаторка за малку убиена со сопругот

rClktkqTURBXy81NGQyNzk1MjAxNmU1YWE3Y2U1MzQyYjJlN2UxZDBmNy5qcGVnk5UCzQMUAMLDlQLNAdYAwsOVB9kyL3B1bHNjbXMvTURBXy8xZDc0Y2I0MTcwNTk1MDQzNjYyOWNhYmQ2MDZmNTBmNi5wbmcHwgA

Српската креаторка Верица Ракочевиќ и нејзиниот сопруг Вељко Кузманчевиќ за малку ќе настрадале во Македонија, додека на крајбрежјето на Охридско Езеро спиеле во камп-приколка со која патувале.

– Некаде околу еден часот по полноќ Вељко ме разбуди, ми стави рака на уста и ми кажа дека некои луѓе се покрај кампот. Се престрашив кога слушнав дека на албански ни пцујат српска мајка. Најстрашен дел од разговорот беше кога се договараа дали да го запалат возилото или да влезат да не убијат – раскажала креаторката за српскиот магазин „Хело“.

Таа исто така додала дека нејзиниот сопруг ползејќи дошол до воланот го вклучил возилото и побегнале, така што не застанале се додека не ја поминале грчката граница.

– Македонците се прекрасни, топли и срдечни луѓе и ова нема врска со нив – раскажала таа, додавајчи дека не дозволила остатокот од нивниот одмор да биде обоен во стравот кој го преживеале во Македонија.

20151210203010__MG_0703-670x921

Central-Garden001a-620x350

Premijera-filma-Gorcilo-1-670x460

Коментари

Популарно