ВИДЕО: Го погребале - два месеци подоцна се вратил дома "мртов пијан"

На 74 години,  минатата година избегал од старечки дом. Неговата зависност од алкохол била посилна од него па избегал сред зима, а неколку месеци подоцна семејството добило повик од полицијата.

miguel-angel345-696x456-73694

Им објасниле дека нашле тело во распаѓање кое личи на описот на нивниот член на фамилијата. Фотографија од телото покажале на неговата ќерка Луцер Гомар Рамос. Иако таа не можела да го распознае, потпишала дека тоа е нејзиниот татко бидејќи и било кажано дека нема да може да го превземе телото доколку не потврди дека е тој.

Ќерката на несреќниот Мексиканецот Мигуел Ангел Гомар Де Луна не сакала да ризикува па набрзина организирала кремирање и погреб. Два месеци по погребот, на крајот на февруари оваа година, семејството примило уште еден повик.

- Вашиот татко е сеуште жив. Полицијата го пронашла на улица додека барал пари на минувачи за алкохол.

Мигуел истиот ден е одведен дома и тоа мртов пијан.

- Тие мислеа дека сум мртов, а јас се шетав и шетав, рекол пред камерите Мигуел.

Коментари

Популарно