ВИДЕО: Македонија поразена од Албанија

Пораз од Албанија од 2-1 (1-0) на првиот натпревар од квалификациите за СП 2018 во Русија.

Untitled

Во доигрувањето на дуелот на „Лоро Боричи“ во Скадар, кој синоќа беше прекинат поради силно невреме, Албанците без никаква игра среќно дојдоа до триумфот со голот на Балај во 89. минута, директно од слободен удар од околу 30 метри откосо, откако катастрофално реагираа нашите стопери во одбраната, а топката го изненади голманот Захов.

Во 92. минута Македонија имаше одлична можност за гол, но ударот на Бесарт Ибраими, по убавата акција на Петровиќ и Ристовски, го одбрани Бериша, а при одбиената топка Пандев беше соборен во домашниот шеснаесетник, но за главниот судија немаше удар од белата точка.

Коментари

Популарно