Колку ќе го чини Самсунг менувањето на експлозивниот Galaxy Note 7 ?

Проблемите со Note 7 доаѓаат во најлошото можно време за Самсунг – денес Apple ги претставува новите модели на Ајфон, вклучувајќи го и директниот конкурент на Note 7.

Откако Самсунг најави повлекување на неодамна претставениот фаблет Note 7 кој требаше да биде најдобриот телефон на светот во моментов без конкуренција, медиумите сега тврдат дека директната штета за компанијата од повлекувањето на телефоните би можела да надмине неверојатни една милијарда долари.

тел

Note 7 има сериозни проблеми со батеријата која што досега експлодирала кај повеќе од 30 телефони и тоа не само при полнење на телефонот, туку и кога телефонот не бил приклучен на полнач.Наводно проблематични се само батериите кои ги произведува Samsung SDI, додека батериите на компанијата ATL кои се користат во помал дел од Note 7 телефоните биле во ред. Сепак, се чини дека Самсунг ќе ги замени сите досега продадени модели.

Таа замена се очекува јужнокорејската компанија да ја чини една милијарда долари. Сепак, некои аналитичари тврдат дека не е се така црно за Самсунг. Најпрвин, веста за повлекувањето на телефоните е најавена за петок па берзите нема веднаш да реагираат, а инвеститорите ќе добијат два дена за да размислат дали да вложуваат во Самсунг, наместо панично да ги распродадат акциите.

Исто така, дел од корисниците ќе го ценат директниот пристап на Самсунг. Компанијата без некои ПР тактики ќе ја признае грешката и на свој трошок ќе ја исправи, па на корисниците тоа ќе им биде доволно да се осигураат дека јужнокорејската компанија се грижи за тоа да бидат задоволни.

Сепак, факт е дека ова е тежок удар за Самсунг, посебно поради фактот дека денес Apple ќе ги претстави своите нови модели на iPhone, при што ќе биде претставен и iPhone 7 Plus, кој ќе биде директен конкурент на Note 7, па корисниците кои што се двоумеле дали да го купат Самсунгот, сега лесно би можеле да се предомислат и да се одлучат за најновиот адут на Apple.

Коментари

Популарно