Една слика, илјада зборови: Каде ги чуваат новороденињата во болниците во Венецуела е доказ за бедата во таа земја

Кризата во Венецуела стигнала до тој степен што сега таму на најмладите се загрозени. Недостигот на храна веќе со месеци ги принудува жителите да одат во набавки во Колумбија, а здравствениот систем е во толку лоша состојба што новороденчињата ги чуваат во картонски кутии.

bebinja-vo-kutii-520x439

Оваа тажна фотографија била регистрирана во болницата „Доминго Гузман Ландер“ и за жал не е едиствен ваков случај во земјата. Откако била објавена на социјалните мрежи, фотографијата предизвикала лавина од реакции од жителите на оваа земја.

Сепак, од неколку здравствени институции во земјата, по објавувасњето на фотографијата реагирале дека не е таква состојбата во секоја болница.

Венецуела во моментов се наоѓа во најголемата економска криза од самото формирање на оваа држава. Недостатокот на храна и основни намирници е веќе секојденвиот за жителите, лековите скоро и да се луксуз, а рестрикциите на струја и вода стануваат се почести. Инфлацијата во Венецуела се заканува дека ќе порасне до 700 отсто.

Коментари

Популарно