(ВИДЕО) РОНАЛДО КОН ЗИДАН: Е*И СЕ!

Медиумите во Шпанија продолжуваат да го обработуваат скандалот меѓу Кристијано Роналдо и Зинедин Зидан, кој се појави за време на натпреварот на Реал (Мадрид) со Лас Палмас (2: 2). Францускиот специјалист одлучи да го смени во 72-тата минута Португалецот, кој побесна од овој факт. Случката веднаш стана главна тема за спортски изданија низ целиот свет.

14749035762016-09-21t200005z-1463663068-s1beucqdhdab-rtrmadp-3-soccer-spainjpg

Денес, благодарение на шпанската телевизија “Cuatro”, стана јасно што рекол Роналдо на излез од теренот, како и при седнувањето на резервната клупа.

“Зошто јас? Направив се за да водиме со 2: 1 … по ѓаволите”, рекол Кристијано додека го напуштал теренот.

“Има 20 минути до крајот … 20 минути! Еби се”, еруптирал последователно фудбалерот на адреса на тренерот.

Коментари

Популарно