Каролина Гочева се пушти во авантура на Охриско Езеро (ФОТО)

Од брендови за шминка до брендови за автомобили и производство на сокови, пејачката одлично знае да долови различни продукти на публиката.

Токму на таква мисија беше и деновиве, кога на чамец среде Охридското Езеро снимаше рекламна кампања. Без разлика на есенскиот студ, Каролина охрабрена од срамежливото септемвриско сонце одлучи сепак да се соблече само по тексас шорцеви.

Кежуал стајлингот со патики и маичка на риги одлично прилегаше на целата атмосфера. Како и секогаш за нејзината шминка и фризура и овој пат се погрижи нејзиниот долгогодишен пријател и стилист Александар Билјановски Дадар.

1kerol

2kerol

Коментари

Популарно