ФОТО: Вака изгледаше деветото „Ѕвездено небо“ за Тоше во Скопје

На плоштадот „Македонија“ во Скопје синоќа се одржа деветтата манифестација „Биди и ти дел од ѕвезденото небо на Тоше“ која ја организира фан-клубот на Тоше.

zvezdeno-nebo-tose9

Манифестацијата се одржува од 2008 година во чест и сеќавање на последниот концерт на македонската музичка легенда Тоше Проески (1981-2007) и оттогаш секоја година на овој датум на плоштадот во главниот град се пеат неговите песни.

zvezdeno-nebo-tose-640x415

На 5 октомври 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје, кој беше хуманитарен и во соработка со УСАИД наменет за подобрување на условите во училиштата.

zvezdeno-nebo-tose10

На тој концерт Тоше го промовираше и последниот албум „Игри без граници“. По 11 дена, утрото на 16 октомври 2007, Тоше загина во сообраќајна несреќа на пат кон Хрватска, на 26-годишна возраст.

zvezdeno-nebo-tose1

zvezdeno-nebo-tose8

zvezdeno-nebo-tose7

zvezdeno-nebo-tose6

zvezdeno-nebo-tose5

zvezdeno-nebo-tose4

zvezdeno-nebo-tose3

zvezdeno-nebo-tose2

Коментари

Популарно