Земјотрес од Грција почувствуван во Струмица и Гевгелија

Image

Земјотрес со магнитуда од 4,0 според Рихтеровата скала е регистриран во соседна Грција, а почувствуван е и на териоријата на Македонија, во Гевгелија и Струмица.

Од Сеизмолошката опсерваторија соопштуваат дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава на 8 октомври регистрира земјотрес од соседна Грција.

„Овој земјотрес се случи во 2 часот и 33 минути, со Рихтерова локална магнитуда 4.0. Истиот беше почувствуван во Гевгелија, Струмица и околината со интензитет од IV-V степени според Европската макросеизмичка скала“, соопштуваат од Опсерваторијата.

Коментари

Популарно