Повторно дожд, но во кое време од денот?

esen-11

Денеска е недела, 9 октомври 2016 година, 283-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 83 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 38 минути, а ќе зајде во 18 часот и 2 минути.

Денов трае 11 часа и 24 минути.

Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 13 часот и 53 минути, а ќе зајде во 23 часот и 59 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има и врнежи од дожд.

Температурата ќе се движи од 13 до 24 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и во ноќните часови ќе има и врнежи од дожд.

Температурата ќе достигне до 19 степени.

Во текот на следната работна недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои се очекува да бидат пообилни во понеделник и во вторник. Ќе има и услови за ретка појава на грмежи, особено во вторник.

Коментари

Популарно