Трамп призна: Бомбардирањето на Србија беше голема грешка!

Контроверзниот кандиидат на републиканската парија за претседател на САД,  Доналд Трамп изјави дека бомбардирањето на Србија било голема грешка, и дека ако победи ќе ги зајакне врските на САД со Белград!

018585484_30300

- Бомбардирањето ан Србите кои беа наши сојузници во двете Светски војни беше голема грешка. Србите се многу добри луѓе. За жал, администрацијата на Клинтон им нанесе доста зло, но и на целиот Балкан, од кој направија хаос - рече Трамп во интервју за белградски „Недељник“.

- Ќе ја зајакнам врската со владата во Белград. Кога ќе го преземам управувањето со земјата, целиот курс на американската надворешна политика ќе биде подобар од досега - изјави Трамп.

На прашањето дали може да спречи ескалација на Стидената војна и во какви односи е со Путин, Трамп изјави дека со рускиот претседател би бил остар но би сакал со неговата земја да негува пријателски односи.

- Само така би можеле да се бориме против Исламската држава и другите закани. Америка под моја администрација ќе има подобри односи со Русија - полоши секако не може да има!

Коментари

Популарно