Банкротира „Застава“ од Крагуевац

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Стопанскиот суд во Крaгујевац прогласи банкрот на компанијата „Застава Автомобили АД“, за која стечај беше започнат во јуни, објавија српските мидиуми.

Вкупниот имот на „Застава“ е проценет на 5,25 милиони евра, a обврските, по различни основи, изнесуваат околу 34о милиони евра).

„Застава“ беше во стечај од средината на годинава.Близу 300 поранешни работници бараа да им се исплатат заостанатите плати од околу 500 илјади евра. за периодот од 1997 дo 2001 година.

Пред огласувањето на банкротот, „Застава Автомобили“ имаше три работници, а во 1989-та година беа 13.500, кога се произведуваа 220.000 возила познатите „Застава 101“ и „Југо“.

Во меѓувреме недвижностите и опремата на „Застава Автомобили“ преминаа како удел во Србија во новоздадената компанија „Fiat Srbia“ (некогашната фирма „Fiat Chrysler Automobili“ во Србија), додека долговите и преголемиот број на работници, останаа во „Застава“.

picture_016

Коментари

Популарно