ФОТО: ЦИА објави фотографии од убиените водачи на Земунскиот клан

Вистинска шпионска афера ја тресе Србија откако ЦИА ги објави фотографиите од водачите на Земунскиот клан ,Душан Спасојевиќ со прекар Шиптар и Миле Луковиќ викан Кум, пишува „Информер“.

zem_klan

„Нивните фотографии со раскрвавени лица на ЦИА им ги доставил висок функционер на српското министерство за внатрешни работи. Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека луѓе однатре со години работат за странски служби, поточно за американската ЦИА.

Конкретно, ЦИА ги има фотографиите што покажуваат дека Спасојевиќ и Луковиќ не биле убиени за време на акцијата „Сабља“, каков што беше официјалниот извештај. Тие биле живи фатени, па потоа во голема тајност биле однесени на непозната локација, каде што биле мачени, а подоцна ликвидирани. Српските власти стравуваат дека овие фотографии можат да предизвикаат дестабилизација на земјата од остатоците од овој клан, кој иако не е толку активен, сѐ уште предизвикува страв кај граѓаните.

kum-i-siptar-01_f

Коментари

Популарно