ФОТО: Никој не ја забележал грешката на 5000 динари со ликот на Тито

Иако валутата во поранешна Југолсавија секогаш бил Динарот, банкнотите редовно се менувале. Во 1985 година излегла новата серија банкноти со воведувањето на банкнотата од 5000 динари со ликот на починатиот југословенски претседател, Јосип Броз Тито.

20161105-nikoj-ne-ja-zabelezhal-ogromnata-greshka-na-poraneshna-banknota-so-likot-na-tito-m

Дотогаш најголемата издадена и долгоочекувана банкнота предизвикала бура реакции во јавноста што трае до денес – не заради нејзината вредност, туку поради грешката што на почетокот никој не ја забележал. Имено, покрај ликот на Тито се запишани годините на неговото раѓање, односно неговата смрт. Наместо 1892-1980, на банкнотата пишувало 1892-1930, па според тоа, Тито починал 50 години претходно.

20161105-nikoj-ne-ja-zabelezhal-ogromnata-greshka-na-poraneshna-banknota-so-likot-na-tito-1

Да биде поинтересно, банкнотата не била повлечена и покрај воочувањето на грешката, бидејќи генералниот директор на тогашниот Завод за изработка на банкнотите рекол дека од 14 милиони печатени банкноти, само 4 отсто се згрешени. Тоа значи дека биле згрешени 560.000 банкноти, а според меѓународните прописи, државата што ќе пушти во оптек повеќе од еден промил банкноти со видлива грешка, треба да ја повлече од оптек целата серија.

Погрешната година на смртта на Тито не е единствената грешка на оваа банкнота – на неа не е означен ни датумот кога е пуштена во оптек, а изгледот и описот на банкнотата бил сосема различен од тоа што било најавено во службената листа на СФРЈ, пишува express.hr.

Коментари

Популарно