Спречен терористички напад во Македонија

Министерството за внатрешни работи, како дел од поширока регионална оперативна акција во борбата против тероризмот, на 4 ноември презеде плански мерки и активности за лишување од слобода на две лица на возраст од 23 и 24 години од Скопје, за кои постојат разузнавачки информации за нивна инволвираност во подготвување на извршување на кривично дело „Тероризам“.

mitko-cavkov-640x336

„Извршени се два претреси од кои едниот во Скопје, а другиот во село Арачиново при што пронајдени и со потврда одземени беа мобилни телефонски апарати со сим картички, фотоапарати со микро картички, метален боксирач, регистарски ознаки, куршум, компјутерски куќишта, таблет, УСБ и разна документација. За време на извршените претреси пронајдено и обезбедено е 24-годишното лице од село Арачиново, додека второто лице е приведено на Косово“, рече Чавков.

Против лицето, кое беше пронајдено и обезбедено при претресите, поднесена е кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тероризам“, при што од страна на Судија за претходна постапка изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

Коментари

Популарно