Што ќе прави Обама кога Трамп ќе го земе клучот од Белата куќа?

Барак Обама и неговото семејство по два претседателски мандати, во јануари 2017 година, ќе ја напуштат Белата куќа.

a3082562f56a076296e0fe8138219a457f1b9ac3

Како што се дознава Барак и Мишел немаат намера веднаш да го напуштат Вашингтон. Тие изнајмиле куќа во близина на Белата куќа и ќе живеат таму уште две години додека нивната помала ќерка Саша не заврши училиште.

Но кои се опциите за Барак Обама?

Една од можните опции е универзитетот Хаурад во Вашингтон, каде преовладуваат Афроамериканци, па тоа е можност за него да ги поддржи истите.

Втора опција му е да се оддаде на пишување на мемоари, што претставува и традиција на поранешните претседатели.

Друга опција е да држи предавања и конференции, за кои би можел да добива хонорар од 250.000 долари поединечно.

Враќањето во Хонолулу на Хаваите е последната опција за семејството Обама, кое таму ги поминува божиќниот и новогодишниот одмор.

Коментари

Популарно