(ВИДЕО) Воен инвалид се качил на дрво и се заканувал дека ќе се фрли

Во местото Калешија во Босна и Херцеговина утрово се одвивала вистинска драма спроти општинската зграда. Таму, на дрво се качил еден маж кој се заканувал дека ќе се фрли од височина од околу 7 метри, јавија локалните медиуми.

Според нивните сознанија, станува збор за воен инвалид со нарушено психичко здравје кој живее во многу тешки услови, а од локалните власти веќе подолго време барал да му помогнат и да му го решат статусот. Како што може да се види на видеото, на местото дошла и противпожарна екипа и полиција, а сообраќајот во центарот на градот бил стопиран.

За среќа, пожарникарите успеале да му се доближат на човекот и да го убедат да не изврши самоубиство.

Коментари

Популарно