Канцерогено млеко е пронајдено во БиХ

Во млекото имало присуство на хлорамфеникол, супстанција која може да предизвика нарушувања и рак на коскената срж.

Антибиотик хлорамфеникол, супстанција која во БиХ е строго забранета за лекување на животните наменети за производство на храна, е пронајден во млеко во два примерока на подрачјето на општина Горни Вкуф, пренесуваа „Дневни аваз“. Присуството на оваа супстанција може да предизвика нарушувања и рак на коскената срж.

Оваа информација за „Дневни аваз“ ја потврдил и директорот на Канцеларијата за ветеринарство Љубомир Калаба, кој вели дека испиттувањето е спроведено со акредитирана метода во лабораторија на Ветеринарскиот институт на Хрватска во Загреб.

milk-cow

„Според лабораториските извештаи, со анализа на примерок на млеко утврдена е коцентрација на хлорамфеникол поголема од 200 милиграми по килограм. Бидејќи хлормфениколот е забранет, веднаш ја известивме надлежната ветеринарна инспекција, како и другите институции“, вели Калаба.

Надлежните дале налог за преземање мерки на две фирми на подрачјето на Горни Вакуф, за да се открие и отстрани причината за присуството на оваа супстанција и со тоа да се заштити здравјето на луѓето.

Тоа млеко не отишло во промет, односно во поширока потрошувачка, наведуваат во кантоналната инспекција.

Хлоранфениколот е антибиотик кој делува бактериостатички, го запира растот и размножувањето на бактеиите. Најважно несакано дејство на хлорамфениколот е оштетување на коскената срж, што се манифестира со појава на анемија, дури и леукемија.

Во 2002 година, појава на хлорамфеникол во регионов имаше во Словенија. Тогаш во 91 примерок на млеко е пронајден овој забранет антибиотик.

Коментари

Популарно