3-годишниот син со својата брза реакција го спасил животот на татка си

34-годишниот Марк Џонс паднал во дијабетска кома кога нивото на шеќер во крвта му паднална опасно ниско ниво. Но, неговиот син, тригодишниот Лени-Џорџ успеал да дофати два овошни јогурта од фрижидерот, употребувајќи стол за да ја дофати рачката на фрижидерот. Досетливото дете потоа отишло во неговата кујна-играчка и зел пластичен нож, бидејќи не успеал да ја дофати фиоката со вистинскиот прибор, и со него му ставал јогурт во устата на татко си додека тој не се освестил доволно за да може да си ги земе своите таблети со глукоза.

dsp_men_211116_lennygeorge_06jpg

Неговата мајка, 31-годишната Ема од Дројлсден, Велика Британија, вели дека не може да биде погорда на својот син, велејќи дека нештата можеле да се одвиваат и на сосема поинаков начин.

„Му го спаси животот. Марк има дијабетес тип 1 и мора да прима инсулин четири пати дневно. Беше недела навечер. Морав да скокнам до мајка ми, која буквално е на две минути возење со кола, и ги оставив да гледаат цртан филм заедно. Бев излезена триесет минути и кога се вратив тие лежеа на каучот. Марк не изгледаше најдобро, и јас реков – што се случува овде? Лени се сврте кон мене и ми кажа: `Јас го спасив тато`, а Марк кажа дека тоа е вистина. Успеал да го нахрани Марк доволно да му се крене нивото на шеќер и да си ги земе своите таблети. Можеше да се случи сосема поинакво сценарио ако Лени беше в кревет или Лени не го сторил тоа што го сторил.“

8838096650270

Луѓето со дијабетес можат да паднат во кома ако нивото на глукоза во крвта наеднаш им стане премногу ниско (хипогликемија) или премногу високо (хипергликемија). Ако не им се помогне брзо, дијабетската кома може да заврши фатално.

Коментари

Популарно