Божји дар: Марија е прво бебе во нашето село после 17 години

Марија е прво бебе во селото Павловичи, недалеку од Нова Градишка, после 17 години. Нејзините родители Стјепан и Ружица Павер цели 25 години чекале и пробувале да добијат дете. Тие скоро и се откажале, но како дар ја добиле Марија, која се четири дена ќе наполни еден месец.

thumb4601005971par

„Веќе се откажавме. По сите посети на лекари не останав бремена, па се помиривме со тоа дека нема да имаме деца. После нова година ми задоцни циклусот, па со оглед на годините помислив дека сум влегла во менопауза. Продолживме со Стјепан како и претходно, работев тешки работи затоа што живееме од земјоделие. После еден или два месеци приметив дека ми се случуваат промени. Кога на Стјепан му кажав да купи тест за бременост, ме погледна сомнително. Тестот покажа дека сум бремен. Дојдов во собата и му кажав: „Јас сум бремена“, а тој скоро не падна од кревотот. Двајцата бевме шокирани, ни се мешаа чувства на радост и страв“, раксажува Ружица.

„Секој ден му се заблагодарувам на Господ за дарот кој ни го даде. Само да поживеам и да дочекам да прошетам внуката за рака низ селот“, низ солзи вели пресреќната баба, 76 годишната Манда.

Селото Павловичи имало околу 200 семејства, а денес со малата Марија, во селото живеат уште 15 жени и 14 мажи.

Коментари

Популарно