ВИДЕО: Кефир за супер здраво тело - направете го сами

Кефирот е пробиотски млечен производ, што од дамнешни времиња им е познат на жителите на Кавказ.

Тој е вкусен и освежителен киселкаст напиток. Се подготвува од таканаречените печурки на кефир, иако се работи всушност за симбиоза на корисни бактерии и габички.

kefir5-300x223

Кефирот не дебелее. Во 100 грама со масленост од 3,5 грама има 63 калории,што е исто како и кај јогуртот.

Искуството покажало дека кефирот поволно влијае на здравјето, лекува или помага при лекување на многу болести и тегоби.

Редовната конзумација на кефирот:

го јакне имунитетот и помага во воспоставување на нормален крвен притисок

го намалува нивото на холестерол и помага при болести на желудник

ја обновува флората и ги ублажува цревните болести и помага при болести на црниот дроб, бубрези и жолчка

лекува воспалителни процеси ( природен антибиотик )

помага при слабокрвност и слаба циркулација

лекува респираторни заболувања и помага кај астма и алергии

помага при стрес, несоница и болести на нервниот систем

делува против габички и бактерии- го успорува ширењето на канцерогените клетки

Важно е да се напомене дека индустриски произведениот кефир не се добива со помош на „ печурката на кефирот “, туку од хмељ и култури на бактерии кои на напитокот му даваат ист вкус, но не и квалитет.

Најдобро е да го подготвите во домашни услови.

Следното видео ќе ви покаже како да го припремите

Коментари

Популарно