13 знаци дека вашиот партнер сигурно ве изневерува

Можеби цело време проаѓате преку овие очигледни знаци, но време е да му покажете дека сте намирисале прељуба.

Никој не сака да биде изневерен. Неверството може да ја уништи довербата и да ја наруши самодовербата на личноста која е изневерена. Неверството е забележително и постојат многу знаци кои упатуваат на него, но можеби моментално преку некои од нив проаѓате како да не ги забележувате. Доколку не сте сигурни дали партнерот ве изневерува или си замислувате, прверете ги овие знаци.

1.Нападот е најдобра одбрана. Ве обвинува вас дека вие го изневерувате.

2.Ве обвинува за било што, бидејќи така се чувствува помалку виновно.

3.Го крие телефонот кога сте заедно, а расположението му се подобрува кога гледа во телефонот.

4.Го проверува вашиот телефон и пораките, а го фаќа паника ако вие го направите истото.

5.Одеднаш има повеќе обврски, посебно преку викенд или навечер, па не можете толку често да се гледате.

6.Расположението му е променливо - во еден момент е заљубен во вас, а во друг момент страшно го нервирате.

7.Купува нова долна облека или секси облека, посветува повеќе внимание на својот изглед, менува фризура или води сметка за себе многу повеќе од претходно.

8.Често работи до доцна, има повече службени ручеци, не се јавува на телефон со вообичаената брзина.

9.Механички и без нежност разменува чувства со вас.

10.Кога ќе го прашате каде бил, одговара премногу детално.

11.Секогаш постои некој кој знае дека вашиот партнер ве изневерува. Забележете дали однесувањето на неговите добри пријатели кон вас се променило.

12.Доколку од личност која не излегува од дома и времето го поминува со вас, стане личност која постојано излегува без вас, нешто не е како што треба.

13.Кога ќе спомнете неверство, се однесува навредено што воопшто се сомневате во него/неа.

Коментари

Популарно