НИКАКО НЕ ЧЕПКАЈТЕ ГО ОВА: Голема новогодишна фејсбук-измама

Доколку на вашиот профил се појави понуда за да лајкнете и да споделите страница на која стојат чекори за тоа како да ја активирате опцијата „Преглед на годината“, не чепкајте ја, се работи за трик

Секоја година, последната недела од декември Фејсбук на своите корисници им ја овозможува опцијата „Преглед на годината“ (Year in review). Станува збор за видео на кое се одбрани десет фотографии објавени во изминатата година кои се направени по случаен избор во компилација. Но, оваа година постои огромен ризик за оваа опција, се појави опасна мамка! Така, доколку на вашиот профил се појави понуда за да лајкнете и да споделите страница на која стојат чекори за тоа како да ја активирате опцијата „Преглед на годината“, не чепкајте ја, се работи за трик. Еве како изгледа таа лажна страница:

Доколку кликнете дека ви се допаѓа оваа страница, сериозно ја загрозувате вашата безбедност. Сите лични податоци што ги имате на интернет можат да бидат злоупотребени од хакерите.

Потенцираме дека за да ја добиете посакуваната опција „Преглед на годината“, нема потреба да лајкувате или шерувате никаква специјална апликација за тоа. Кога ќе дојде време за тоа, односно последната седмица од декември, Фејсбук сам ќе ви најави дека опцијата е активна и може да уживате во неа.

Се надеваме дека навреме го прочитавте овој совет.

Коментари

Популарно