Трагедија: Убиство во познат ресторан - го убил кумот поради долг

Горан Тодоровиќ (43) од Белград вчера околу 15.10 во еден ресторан во Белград го убил својот кум Александар Јовиќ (31). Убиецот веднаш бил уапсен и кај него било пронаједно оружјето со кое било извршено убиството.

Како што неофицијално дознава српски Курир, расправијата со кумот бил поради долг.

- Некогаш работеа заедно како ѕидари, но проблемот настанал за некои пари, па почнале еден со друг да се обвинуваат за нерамноправна распределба. се нашле во ресторанот за да ги решат тие проблеми, но разговорот тргнал во погрешна насока, изјавил еден од очевидците.

Коментари

Популарно