Исповед на српскаа актерка која го одби „диктаторот Тито'

Познатата српска глумица со унгарско потекло Ева Рас, неодамна ја објави својата книга „Србијо, љубов моја“, во која се споменува, како своевремено младата и популарна глумица го одбила, тогашниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз, но и дека долго време по тоа очекувала да биде казнета за тоа.

Ева Рас, била млада и атрактивна глумица, па не е воопшто зачудувачки фактот дека му паднала во очи на тогашниот претседател, кој ја повикал да му се придружи на Бријони, каде би била негова посебна гостинка.

„Додека бев на фестивалот во Пула, емисарите на Тито, во негово име ме поканија да дојдам во претседателската палата на Бријони, но јас не сакав, бидејќи имав претстава. Ме покани поради филмот „Љубовен случај“ во кој јас играв гола жена“. Тоа веројатно му се допаднало на поранешниот претседател, но изгледа погрешно ја проценил младата актерка.

Актерката се присеќа дека дури и режисерот на претставата и кажал дека: „Не можеш да бидеш актерка кога маршалот те вика!“ на што таа возвратила „Ќе бидам актерка и после Тито“.

Но, таа раскажува дека по нејзиното одбивање, дури не сакале ни да ја однесат на аеродром. Тоа сигурно тој го наредил, вели сега веќе пензионираната глумица. „Земав такси и таму го сретнав познатиот режисер на емисии поврзани со филмот, Ангел Миладинов.“. Тој ме праша зошто среде филмски фестивал си заминувам дома, му објаснив дека ме викнаа на Бријони, но дека не отидов, на што тој ми одговори дека веројатно целата ситуација нема да излезе на добро. Така настана целиот мит. -„Јас и ден денес се борам против митот на Јосип Броз, сите знаеме дека тој бил диктатор, а диктаторите не се за пофалба!“

Коментари

Популарно