ОСТАВИ ГОЛЕМО БОГАТСТВО: Кој ќе ги наследи милионите на Џорџ Мајкл, листата на можни наследници е долга

„Дејли мирор“ пишува дека се очекува најголемиот дел од богатството на славниот пејач, кое се проценува на 100 милиони фунти, да отиде кај децата на неговите пријатели, на кои Мајкл им бил кум.

Џорџ Мајкл по смртта остави огромно богатство. Британските медиуми веќе почнаа да шпекулираат кој ќе ги наследи неговите милиони.

„Дејли мирор“ пишува дека се очекува најголем дел од богатството на славниот пејач, кое се проценува на 100 милиони фунти, да отиде кај децата на неговите пријатели, на кои Мајкл им бил кум.

Пејачот беше кум на Роман и Харли Мун Кемп, деца на Мартин Кемп, басист на групата „Спандау балет“. Се очекува дека дел од парите ќе наследи и Блубел, ќерката на поранешната „спајс-девојка“ Џери Халивел, која е кумашинка на поранешното момче на Џорџ Мајкл, Кени Гос.

Се претпоставува дека во тестаментот како наследници ќе бидат именувани и постарите сестри на Мајкл, Мелани и Јиода, неговото момче Фади Фаваз, како и децата на неговиот роднина Андрос, на кои исто така им беше кум.

Џорџ Мајкл долги години имаше соработка со многубројни хуманитарни организации кои, исто така, би можеле да добијат дел од неговото богатство.

Џорџ Мајкл поседувал најмалку четири имоти - куќата во Оксфордшир каде што почина, вила во Лондон и раскошни куќи во Њујорк и во Сиднеј.

Коментари

Популарно