Мајка на тригодишно девојче, девојка на одмор, полицаец кој веќе преживеал терористички напад

Меѓу досега 21 индетификувано тело од 39 жртви во новогодишниот напад во ноќниот клуб „Реина“ во Истанбул, познати се 16 странски државјани и петмина Турци.

Турските власти сооштија дека меѓу жртвите има Саудијци, Мароканци и Либијци.

Јордан потврди дека убиени се најмалку три Јорданци, а Тунис ја потврди смртта на два свои државјани.

Израел потврди дека во нападот е убиена една Израелка, а друга е повредена.

Париз потврди дека меѓу ранетите има три француски државјани.

Една од убиените Турчинки е 27-годишната Хатиџе Коцун, најка на девојче од тир години. Таа на кобната вечер работела во клубот, бидејќи според турските закони на влезот на клубовите мора да има и женски член на обезбедувањето, задолжен за преглед на женските гости.

Загинатата државјанка на Израел, Лин Насер, со своите три другарки во Турција дошла на одмор. Една од нејзините пријателки е меѓу повредените, а другите две се психички истрауматизирани, рекле израелските државници.

Насер загина на 19-годишна возраст.

Меѓу загинатите е и турскиот полицаец Бурак Јилдиз, кој бил задолжен за осигурувањето на главниот влез во клубот. Како полицаец работел помалку од една година.

Другиот убиен полицаец, на почетокот на декември за малку избегнал сигурна смрт, кога бомби експлодираа во близина на стадионот на Бешикташ.

Чакмак не успеал да го преживее и овој терористички напад, пренесуваат турските медиуми.

Meѓу жртвите идентификуван е и Кенан Култук, исто така, вработен во клубот.

Коментари

Популарно