Приказна за волчица: Поука која ќе ве научи луѓето никогаш да не ги проценувате на прв поглед

На човек стар 70 години кој цел живот се занимавал со сточарство, поточно овчарство, државата решила да му помогне и да му додели пензија која би му била доволна да преживее.

Една новинарка во таа прилика го замолила да и раскаже еден дел од својот живот кој никогаш нема д го заборави и кој му останал и ќе му остане во сеќавање цел живот.

Старецот ја започнал приказната:„Имав 20 години кога најдов куче во шумата и го земав со себе решавајќи да го чувам. Поминуваа месеци и соседите почнаа да ми зборуваат дека кучето се повеќе личи на волчица и дека треба да се решам од него. Бев млад и не сакав никого да го слушам, кучето ми беше приврзано, каде и да одев тоа одеше со мене и ме чекаше. Поминаа години…

Еден ден бев малку прилегнал и низ сон слушнав бучава, режење и цвилење, додека си дојдов на себе и станав, се стивна, излегов надвор и видов дека целото стадо овци е заклано, а волчицата целата во крв седи и гледа прво кон мене малку од страв малку од бес. Се стрчав дома, ја грабнав пушката и ја утепав на лице место.

Не знаев што да правам со овците па ги повикав соседите да ги однесат додека место се уште не се расипало.

Кога ги тргаа овците помеѓу нив пронајдовме три заклани волка и тогаш сфатив што сторив!“.

Поука: Не е се секогаш онака како што изгледа – Никогаш нe ги проценувајте луѓето и ситуациите врз основа на прв поглед“.

Коментари

Популарно