Доколку излегувате надвор ова никако не смеете да го правите

Снегот кој од пред неколку дена ја зафати Македонија предизвика вистинска радост за најмалите.

Снежната идила траеше неколку дена, а потоа комбинацијата со рекордното ниските температури го отежна движењето по улиците и тротоарите.

Метеоролозите предвидуваат ниски температури до крајот на следната недела, а надлежните советуваат да бидеме претпазливи доколку пешачиме или се движиме по улиците со цел да се заштитиме од повреди.

Една од најважните препораки, покрај носењето на зимски обувки за на снег е рацете да не ги држиме во џеповите. И најважното е да не типкате на вашите мобилни телефони зашто со сигурност нема да гледате пред вас и многу е веројатно да не бидете внимателни или да не забележите кога пред вас ќе има заледена површина.

Бидете внимателни и чувајте се од повреди!

Коментари

Популарно