(ФОТО) Први соседи на Иванка Трамп: Семејството Обама започна да се сели од Белата Куќа во замок вреден 5 милиони долари

Семејството Обама започна да се сели во својата нова куќа во Њујорк, откако официјално месецов истекува претседателскиот мандат на Барак Обама.

Претседателската куќа во која ќе се всели семејството Обама (Барак, Мишел, и двете ќерки Саша и Малија) се проценува во вредност од над 5,5 милиони долари, а е во форма на замок.

Семејството освен што во моментов ја реновира вилата, започна и со градење на огромен ѕид се со цел да ја заштитат својата приватност во домот и дворот. Ќуќата и покрај тоа што е на самата улица ќе има безбедносни камери и чувари во текот на 24 часа.

Овој луксузен дом е изграден во 1928-та година, а има девет спални соби и осум бањи, а се наоѓа во близина на луксузната вила на ќерката на идниот претседател на САД Иванка Трамп и нејзиниот сопруг Џедер Кушнер.

Коментари

Популарно