(ФОТО) Погледнете ја супер- јахтата на која се одмара Синди Крафорд

Најпознатиот светски супермодел на сите времиња Синди Крафорд и во 51 година буди неверојатно внимание каде и да се појави.

Празничните денови таа ги помина со семејството на карипскиот остров Свети Барт.

Сопругот Rande Gerber, синот Presley (17) и ќерка Kaia (15) уживаа во локалните забави дружејќи се со Џон Бон Џови.

Потоа се вратиле на јахтата кај својот пријател мултимилионерот Steve Wynn. Неговата 215 милиони долари вредна јахта Aquarius долга е 98 метри, има 15 кабини а за неа се грижи екипаж од 30 луѓе.

Коментари

Популарно