Скопската зоолошка градина ќе ги вдоми бездомните животни поради студот

Скопската Зоолошка градина се приклучи кон акцијата за обезбедување на привремени засолништа за бездомните животни на овие екстремно ниски температури.

Потпаролот на Зоолошката градина Даме Кузмановски изјави: „Освен што ќе им носиме слама, во нашата Зоолошка привремено додека траат ниските температури, ќе удомиме кучиња. Тие ќе престојуваат во старите живеалишта на лавовите и таму ќе бидат одвоени од останатите животни, па нема да има опасност од пренесување болести“.

Коментари

Популарно