Жените мора да го направат ова за Василица

На 14ти Јануари се слави Свети Василиј или кај народот познат како Василица.

На овој ден домаќинките треба да замесат василици за да ги израдуваат домашните и пријателите, бидејќи на тој начин цела година ќе им помине во слога и пријателство.

Можат да бидат и солени и благи. Единствено што им е заедничко е што се месат со многу љубов и се јадат топли.

Колачите василици се подготвуваат од лиснато тесто а некои се преливаат и со мед.

Василица исто така е назив и за проја во некои краишта.

Слатките василици се шараат на тој начин што неколку стапчиња слама се врзуваат со конче, а потоа тестото се боцка со врвовите и се формираат дупчиња во облик на крст.

Коментари

Популарно