ФОТО+ВИДЕО: Момчето и приреди СПЕКТАКУЛАРНО изненадување за роденден

Харизматичната ТВ водителка Милена Антовска пред неколку дена ја дувна роденденската свеќичка на тортата и прослави уште една година плус во својот живот.

Најголемото роденденско изненадување Милена го доби од своето момче Гордан.

Иако се во тазе врска, делата говорат дека Милена го заробила срцето на Гордан.

Имено, по повод роденденот тој ја изненади со спектакулерен огномет, од кој веруваме секоја девојка би останала без зборови.

Видеото од љубовните грмотевици, познатата водителка го објави на Фејсбук, а пријателите веднаш се посомневаа дека Милена можеби кажала „Да“ кога Гордан се потрудил така квалитетно, а пак тој им одговори вака:

Дали ја официјализирале врската или не, не знаеме но, евидентно е дека овие вљубени гулапчиња ги живеат најубавите романтични моменти.

Коментари

Популарно