(ВИДЕО) Пијана Никол Кидман ги бркала келнерите и се прејала од пици на Златните глобуси

Од Златните глобуси помина веќе една недела, но настаните од таа вечер и понатаму се главна тема на странските медиуми. А, на површина сега испливаа и некои детали кои го обележаа времето пред и по доделувањето.

Како што пишува „Дејли мејл“, многумина таа вечер биле збунети од бизарните испади на Никол Кидман.

Кратко речено, сведоците велат дека холивудската актерка не била своја, а тоа го поткрепиле со неколку случки. Тие тврдат дека вечерта ја започнала така што го прекинала интервјуто на британскиот актер Том Хидлстон на црвениот тепих за да му каже дека добро се забавува.

- Простете што упаѓам. Толку сум среќна и одлучна сум во намерата добро да се забавувам вечерва. Затоа и дојдов тука – рекла Никол.

Актерката, која беше номинирана во категоријата најдобра актерка, подоцна наводно ја избркала и келнерката којашто носела коктели. А, многумина забележале и дека била мошне гладна, бидејќи константно ги барала келнерите кои носеле пици, а нејзиниот сопруг Кит Урбан ги бришел трошките од неа.

Многумина поради сето споменато се запрашале дали претерала со алкохолот.

Никол оваа недела се најде и на удар на бројни свои колеги, бидејќи изјавила дека Американците би требало да го поддржат изборот на новиот претседател Доналд Трамп.

Но, мајката на четири деца подоцна изјавила дека погрешно ја сфатиле и дека само сакала да каже дека верува во демократијата и американскиот Устав.

Коментари

Популарно